Во вторник ССМ излегува на протести
Задутре членството на Сојузот на синдикати на Македонија излегува на протест.
Зголемување на минималецот без согласност од Економско социјалниот совет односно синдикатите, отсуството на преговори за зголемување на платат во јавниот сектор, според колективните договори и константите политички притисоци врз членството преку директорите именувани од Владата се причините поради кои ССМ на 2 април излегува на протест.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, пред два дена, истакна дека одлуката за зголемување на минималецот е донесена еднострано, без согласност од Економско социјалниот совет како што предвидува Законот за минимална плата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа