Во 8 часот измерени 7 степени - Драстичен пад на температурите во Македонија

 


Најавеното разладување пристигна во Македонија, носејќи драстична разлика во температурите ширум земјата. Утрово, во 8 часот, на Попова Шапка беа измерени само 7 степени Целзиусови, што е значително посвежо во споредба со останатите градови.

 

Додека најтопло утрово беше во Демир Капија со измерени 22.4 степени Целзиусови.

Во останатите градови беа измерени следниве утрински температури:

  • Скопје: 19.3 степени Целзиусови

  • Штип и Битола: 16.9 степени Целзиусови

  • Берово и Маврови Анови: 14.2 степени Целзиусови

  • Крива Паланка: 13.8 степени Целзиусови

10.07.2025 - 10:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега