ВМРО-ДПМНЕ: Тажна е сликата за Ахмети - зборуваше пред едвај 30 луѓе

 

„Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој тој и сите околу него редовно го крадеше и запоставуваше“. Вака реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по говорот на лидерот на ДУИ, Ахмети пред Уставен попладнево.  

„Уште посурова е реалноата дека тој остана маргинализиран затоа што е прочитана книга. Функционерите на ДУИ протестираат против судиите на ДУИ. Не се работи ниту за правата на албанците, ниту за тоа дека Уставниот суд ќе донесе некаква драматична одлука, туку се работи единствено за кариерите на десетина души чија професија стана да бидат редовни душегрижници за човековите права кои редовно ги газат.

И доста Ахмети се заканува како мома на чешма, фрла клетви, злоупотребува човечки судбини. Театарот наречен ДУИ треба да престане. Светот нема да престане да постои што ДУИ е опозиција“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

09.12.2024 - 20:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега