ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ плаќаше по 20.000 евра на ден за лажни вести

 

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последното соопштение на СДСМ, обвинувајќи ги за обид да го одвлечат вниманието на јавноста од своите контроверзни потези.

Според партијата, СДСМ користел милионски суми за спонзорирани лажни вести, додека истовремено го избегнувал соочувањето со своите корупциски скандали.

„СДСМ денес се фати за нерелевантни теми, за да го одвлече вниманието од своите криминални активности. Тие трошеле по 20.000 евра на ден за реклами на социјалните мрежи, кои биле насочени на ширење лажни вести, а сега обвинуваат за транспарентност. Ова е обид за прикривање на нивните злоупотреби и сè што треба да направат е да се соочат со последиците од своите постапки“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиија смета дека јавноста е свесна за разликата меѓу транспарентното работење на ВМРО-ДПМНЕ и методите на СДСМ кои вклучуваат корупција и лажење преку спонзорирани постови на социјалните медиуми.

„Мицкоски нема да потроши ни денар за такви реклами. Народот е свесен за тоа што се случува и разликата помеѓу нас и нив е очигледна. Време е да престанат со лицемерието и да се соочат со реалноста“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека СДСМ не се повлекува од обвиненијата, но ситуацијата е сѐ поголема политичка битка која го одвлекува вниманието од клучните прашања на кои граѓаните чекаат одговори.

09.02.2025 - 12:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега