ВМРО-ДПМНЕ: СДС остави пустош во економијата и ги осиромаши граѓаните
Од одговорна економска политика, СДС единствено знае богатење на неговата елита на чело со Филипче и неговиот ментор, Заев Да знаеше СДС да води одговорна економска политика, немаше за седум години власт да остави пустош во економијата, осиромашени граѓани, од кои над пола милион денот го поминуваа со по 150 денари на ден и ограбена држава на раб на банкротвелат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога СДС зборува за субвенции за струја, напоменуваме дека единствена субвенција која граѓаните ја виде од СДС се високите сметки за електрична енергија како резултат на уништувањето на енергетскиот сектор, додека кланот Заеви, а со нив и Венко Филипче се богателе.
И за ова сме сведоци изминатата недела дена, каде што беше објавено како во време на енергетска криза од тендерот за набавка на јаглен за потребите ЕСМ, околу девет милиони евра завршиле на сметка на фирмата на Заев во Бугарија, а Филипче, од фирмата која го добила тендерот, добил на лизинг луксузен џип Ауди.
Тоа е единственото што треба да се за економските политики на СДС. Кога ги споменуваат нив, единствено мислат за економска и финансиска придобивка на нивната партиска елита на чело Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев.
Тоа што СДС треба да прави е да гледа како се работи во интерес на граѓаните и државата, така што за нецела година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се запре слободниот пад на економија и сега таа бележи раст за три последователни квартали од 3 или над 3%.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од годинава, БДП забележа раст од 3,4%, кој раст е широк формат, што значи дека раст има во сите сектори, почнувајќи од угостителскиот и градежниот кои бележат раст од 7,1%, информации и комуникации 3,6%, како и преработувачката индустрија од 3,7%.
И ова не е крајната цел, туку е добра основа годинава да се реализира проектираниот раст на БДП од 3,7%, кој во следните години ќе расте повеќе достигнувајќи вредност на раст од над 4%.
Овој раст ќе значи понатамошен раст и развој на економијата кој ќе донесе подобри плати и животен стандард за сите во Македонија.
Ова е правиот и одржлив начин на кој треба да се развива економијата и да растат платите. Времето на економски импровизирани политики, заврши со заминувањето на СДС во длабока опозиција“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа