ВМРО-ДПМНЕ: СДС го користи случајот со трагедијата во Кочани за политичка манипулација

 


СДС го користи случајот со трагедијата во Кочани за политичка манипулација. Лажната загриженост на СДС на прес-конференциите е инструмент за дефокус и блед обид за напад на ВМРО-ДПМНЕ, додека во позадина стои заштита на Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерието на СДС пукна како меур од сапуница, не помина ниту месец дена глумата на СДС дека се критичари на Коцевски. СДС со негласањето на интерпелацијата на отвoрена сцена пред очите на целокупната јавност го спаси Коцевски, бидејќи без него, функционерите на СДС и ДУИ се првите на удар на правдата.

Коцевски ја поткопува улогата на обвинителството и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем.

Љупчо Коцевски, сноси директна одговорност за непостапувањето по сериозни наводи за криминал поврзан со функционери од СДС и ДУИ. Наместо да ја гарантира правдата и да ги штити интересите на граѓаните, Коцевски овозможува системска заштита на политички моќници.

Коцевски наместо да работи на владеење на правото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството кое што е помало од 2 проценти.

Граѓаните ја гледаат меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ, наместо празни флоскули и наративи на неиздржани прес-конференции и злоупотреба на трагедијата во Кочани, време е СДС да се залага за владеење на правото и правдата. А не да бара спас од одговорност за своите функционери.

Обвинителот кој штити политичари треба да си замине од функцијата. Правдата и владеењето на правото во Македонија мора да профункционираат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

04.08.2025 - 09:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега