ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за Онкологија бегање од одговорност нема да има

 

Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ денеска испрати соопштение во кое вели дека Филипче во паника и заглавен до гуша во скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда.

- Филипче како министер за здравство дозволи системски башибозук и непочитување на 60 тина законски одредби. Филипче треба да признае и да се извини затоа што не воспоставил систем, немало регистар, немало следливост на онколошката терапија, немало ништо освен системски хаос. Филипче знае и фактите го потврдуваат тоа дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година. Филипче во паника се обидува да го брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Со години веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението наведуваат дека тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани.

- Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија. Филипче треба да знае дека бегање од одговорност нема да има, завршуваат во соопштението.

28.01.2025 - 09:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега