ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ: Не сејте магла

 

За деталите од денешното сценарио и она што вечерва ДУИ го прави внимателно упатуваме да ја слушнат денешната изјава на премиерот Мицкоски кој јасно ги отцртува нивните намери до последниот аспект, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ, откако од опозициската ДУИ најавија дека ќе држат стража на албанскиот јазик пред Уставен суд до среда.

„ДУИ на овој начин сеат магла иако знаат дека во среда нема да се случи ништо. И откако нема да се случи ништо ќе треба да кажат дека ДУИ ја спасиле работата. А во суштина протестите се политичарите замешани во криминал од ДУИ против судиите на ДУИ. Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР. Само треба на СДС да му се јават со кои ја крадеа Македонија“, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.

08.12.2024 - 17:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега