ВМРО: Цел врв на СДСМ прави што ДУИ ќе посака
Судскиот совет, кого СДС го брани, постави судија на ДУИ за претседател на Врховен.Ова денеска преку соопштение за јавноста го велат ВМРО-ДПМНЕ.
- До каде оди измеќарството на СДС кон ДУИ и дали е криминал во прашање, преку што цел врв на СДС е заложник на ДУИ и прави што ДУИ ќе посака? Како може да има ефективна борба против корупцијата, кога главни во судско - обвинителските кругови се бандитските спреги на ДУИ и СДС. Борбата на СДС е борба за криминалните структури во судството кои се под нивна капа, а имаат за цел да ги спасуваат во кривична постапка ним блиските. СДС се нервозни во нападите кон ВМРО-ДПМНЕ, затоа што објавивме војна против криминалците на сите инстанци, па и тие во правосудството, вели владејачката партија.
Според нив, СДС се навикнати на судии како Наќе Георгиев, Илија Трпков, Даниела Алексовска Стојановска и обвинители како Иџет Мемети. Затоа е борбата, за заштита на таквите како нив, кои исполнуваат нарачки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа