(ВИДЕО) Успешни приказни: Младиот Никола се вратил од Германија како успешен научник за да придонесе во развојот на нашата држава

 

Фондацијата Заев во рамките на своето дејствување го започна серијалот “Успешни приказни” кој има за цел да пренесе порака до македонскиот народ, а посебно до младите дека може да се биде успешен и во Македонија.

Во најновата епизода на серијалот се запознаваме со Младиот Никола Маркоски кој раскажува дека и дома се успева. Тој е директор на развој во “Грин Машинс”, а се вратил од Германија како успешен научник во полето на физиката за да допринесе за поголем успех и развој на нашата држава.

„Да го зголемиме влогот во младите луѓе. Да обезбедуваме уште повеќе менторство и поголема финансиска поддршка за остварување на нивните соништа и идеи. Само така ќе се добие вистински напредок во нашето општество.
И институциите, и компаниите, потребно е да ги согледаат и да ги поддржат способностите, заложбите и капацитетот на нашата младина и на тој начин сите заедно да направиме повеќе за нашата сегашност и нашата иднина.“-пишува на својот официјален профил поранешниот премиер Зоран Заев.

24.04.2023 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега