(ВИДЕО) Пандов: Ми го запалија домот, ама ништо нема да ме запре

 
Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации?
Ова е цената за удирањето по мафијата!
Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат.
Никој не е над законот!
Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!
Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност, информираше на социјалните мрежи директорот нa УПРАВАТА за санкции Александар Панов.

29.04.2025 - 20:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега