ВИДЕО: Минибус со патници падна од мост во Романија
Сериозна сообраќајна несреќа се случи на вијадукт во Иловица, западна Романија, каде минибус со патници излетал од патот и завршил во реката Дунав по судир со друго возило.
„Во овој момент, не можеме со сигурност да потврдиме колку лица се наоѓале во минибусот. Можно е да биле само возачот и едно лице, но сè уште ја третираме ситуацијата како да има повеќе патници под вода,“ изјави Раед Арафат од Одделот за вонредни состојби
Според него, возилото е целосно исчезнато под водата, а околностите на несреќата се уште се под истрага. Поради инцидентот, сообраќајот на вијадуктот е целосно затворен додека трае спасувачката мисија.
Во акцијата се вклучени нуркачки екипи од Крајова и Караш-Северин, а хеликоптерот СМУРД е пренасочен за брз транспорт на спасувачите до местото на трагедијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа