ВИДЕО: Метеж среде Белград поради турскиот актер - „Како да сум го видела Бог“

 

Во моментов, најпопуларниот турски актер Џај Јаман (31), кој моментално се наоѓа во Белград, вчера направи општа збрка на улицата Кнез Михаилова кога се појави во продавница на бренд.

Јаман се дружеше со фановите, кои го чекаа пред продавницата неколку часа, пишува Телеграф.

Неговите обожаватели беа претежно припаднички на понежниот пол и тинејџери, а турската sвезда имаше лесна задача да се „одбрани“ од нив.

Актерот дојде добро расположен и насмеан, па ги исполни желбите на своите обожаватели и вредно позираше со сите.

„Како Бог да го видов“, „Не можам да дишам“, рекоа девојките до актерот.

Атрактивниот актер е роден на 8 ноември 1989 година во Истанбул, а интересно е што е од Косово и Метохија. Имено, неговите родители се родени во Турција, но и двајцата се деца на имигранти.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

Никој дури и не се сомневаше дека глумата ќе биде негов повик, бидејќи заврши италијанско средно училиште, живееше во Америка некое време како студент на размена, дипломираше на Правниот факултет и еден ден одлучи да се испроба како актер и се испостави дека има талент. Првата улога ја доби во 2014 година, а за работата во серијата „Сонувач“ во 2018 година, ја доби наградата за најдобар актер во романтична комедија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

29.08.2021 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега