(ВИДЕО) Инцидент во авион: Патничка се обидела да ја отвори вратата

 


Авион со повеќе од 200 патници, кој летал од Бали, Индонезија, до Мелбурн, Австралија, бил принуден да се врати назад откако патничка се обидела насилно да ја отвори вратата додека авионот бил над Индискиот Океан, соопшти нискобуџетната авиокомпанија Џетстар.

„Нашиот авион се врати во Денпасар (аеродром во Бали) минатата ноќ откако патник предизвика вознемиреност со обидот да ја отвори вратата на авионот, навредувајќи го и попречувајќи го нашиот персонал“, се вели во соопштението на компанијата за инцидентот, кој се случи во понеделникот вечерта, на 31 март.

Патникот беше преземен од локалните власти на Бали по слетувањето, додаде Џетстар.

Според видеото кое се појави на социјалните мрежи, жена која седела во задниот дел на авионот успеала да ја подигне рачката на вратата, но потоа бил активиран безбедносен сигнал кој го алармирал екипажот, по што капетанот ги предупредил патниците.

Податоците од порталот за следење летови Flightradar24 покажуваат дека авионот свртел еден час по полетувањето, додека се уште бил над Индискиот Океан.

01.04.2025 - 11:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега