Венера излегува од ретроградно движење - сите конечно ќе може да здивнат

 

Венера, планетата што ја симболизира удобноста, убавината и задоволството, на 28 јануари 2025 година влезе во знакот Риби, каде што се наоѓа во својата возвишена позиција.

Иако беше ретроградна од 2 март, Венера повторно ќе започне директно движење на 13 април 2025 година – а тоа ќе донесе значајни промени во секојдневниот живот на многумина.

Директниот транзит на Венера низ знакот Риби обично носи поволни околности во областа на љубовта, естетиката, финансиите и задоволствата. Сепак, нејзиното влијание ќе се разликува од знак до знак, во зависност од тоа каде се наоѓа планетата во наталната карта на секој поединец.

Погледнете како оваа промена ќе влијае на вашиот хороскопски знак:

Овен

Венера се движи директно низ вашата дванаесетта куќа, што може да донесе контакти со странство, патувања или работа надвор од земјата. Можно е зголемување на трошоците поврзани со домот. Во професионална смисла, се отвораат можности кои доаѓаат оддалеку, а периодот е поволен и за одмор и уживање.

Бик

Венера транзитира низ вашата единаесетта куќа, носејќи финансиски добивки, поддршка од пријателите и успех во тимската работа. Исто така, можно е исполнување на некои од вашите цели и планови.

Близнаци

Сега Венера е во вашата десетта куќа на кариерата. Иако ова не е нејзино најсилно место, нејзината возвишена позиција во Рибите може да донесе успех, особено ако работите во сфери поврзани со естетика, медиуми, мода или убавина. Можни се и романтични искри на работното место.

Рак

Венера влегува во вашата деветта куќа, носејќи среќа во образованието, соработка со институции и поволни настани поврзани со недвижности или возила. Периодов е поволен за семејни патувања и собири.

Лав

Венера транзитира низ вашата осма куќа. Можно е да добиете неочекувани финансиски добивки или да најдете решенија за долготрајни проблеми. Деловните патувања можат да бидат многу корисни, иако почетокот на периодот може да донесе мали предизвици.

Девица

Директниот транзит на Венера низ вашата седма куќа става акцент на партнерските односи. Можно е да има мали недоразбирања со партнерот, но и можности за зајакнување на врската. Внимавајте и на здравјето и хигиената – превенцијата е клучна.

Вага

Венера престојува во вашата шеста куќа, што може да донесе предизвици во работата и здравјето. Сепак, благодарение на нејзината возвишена позиција, ќе ги надминете полесно. Избегнувајте конфликти, особено со колегите.

Скорпија

Венера е во вашата петта куќа – одлична вест! Очекувајте убави моменти на полето на љубовта, односите со децата, креативната работа и уживањето. Ако сте студенти или работите во образованието, периодов е особено поволен.

Стрелец

Планетата на убавината сега се движи директно низ вашата четврта куќа. Семејните односи се стабилизираат, можно е да добиете нешто поврзано со недвижности, а стресот во домот се намалува. Работната ситуација исто така се подобрува.

Јарец

Венера се наоѓа во вашата трета куќа, носејќи зголемена комуникација, пократки патувања и зголемена мотивација. Ќе бидете поуспешни во активности кои вклучуваат движење и интеракција со луѓе. Љубовта и пријателствата добиваат нова енергија.

Водолија

Венера е во вашата втора куќа – одличен показател за финансиска стабилност. Се подобрува и семејната атмосфера, а можно е да добиете пари или да направите корисни инвестиции.

Риби

Венера сега се движи директно низ вашата прва куќа, носејќи повеќе самодоверба, личен шарм и среќа. Можно е да добиете неочекувани придобивки и конечно да решите некои проблеми што ве мачеле. Љубовта, работата и креативноста се во подем.

11.04.2025 - 17:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега