Велика Британија ги прошири санкциите кон Русија
Велика Британија денеска ги прошири антируските санкции на 67 физички и правни лица, како и на 40 судови.
Санкции се воведени и за заменик-шефот на руското Министерство за вонредни состојби Денис Попов, генералната директорка на телевизискиот канал Царград, Наталија Тјурина, бизнисмените Андреј Кузјаев, Роман Троценко и Игор Ким, како и министерот за одбрана на Северна Кореја, Но Гванг Чол.
На списокот на санкционирани правни лица се продавачот на автомобили Авилон, руската енергетска групација, компанијата Грант Трејд, како и голем број компании од Централна Азија, Турција, Индија и Кина, кои се обвинети дека ја снабдувале Русија со производи за двојна употреба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа