Важно известување за македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана
\
Меѓународниот аеродром во Тирана објави важни известување за патниците кои ќе патуваат на 15 и 16 мај.
Патниците се советуваат во овие два дена да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.
„На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради безбедносни мерки и затворање на патишта се очекуваат застои и густ сообраќај. На патниците кои патуваат на овие датуми им се препорачува да планираат однапред и да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред летот“, стои во известувањето.
Услугите на овој аеродром, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани. Минатата година над 120 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа