Василевска: Случувањата кои ДУИ ги лиферува како закани во јавност се злоупотреба на нивната политичка моќ
„Македонското општество покрај оние наметнати проблеми со коишто се соочува, економската егзистенција, политичката стабилност, многу други прашања кои се од културолошки аспект итн., има проблем со два клучни столба со кои ние ако сакаме сериозно да направиме рестарт во општеството и да го подигнеме нивото на политичка култура и на општествен, економски и политички развој ќе мора да се справиме, тоа е позитивната дискриминација и негативната селекција“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ насловена „Жените во домашната и меѓународната политика“.
Василевска продолжи и додаде:
„Погледнете овие 20 години колкава инфлација на незаслужени купени академски дипломи имаме. Еве некој да се обиде да направи статистика во државната и јавната администрација колку од овие дипломи се внатре во административниот организам и дури и раководни места заземаат итн., и сето тоа влијае на паѓањето и на ентузијазмот но, и на разбирањето што значи самата диплома е тоа е негативната селекција“, вели Василевска.
Василевска во однос на позитивната дискриминација истакна дека таа не секогаш нуди квалитетен резултат.
„Понатаму позитивната дискриминација се однесува на квотите коишто ја застапуваат етничката припадност која не секогаш нуди квалитетен резултат, значи апсолутно сметам дека сите етнички заедници во Македонија според Уставот мора да имаат еднаква застапеност и присуство и да имаат шанса на пазарот на трудот и секаде каде имаат желба да се натпреваруваат да бидат дел од истиот систем“, кажа Василевска.
Василевска потенцираше дека случувањата кои ДУИ ги лиферува како закани во јавност се злоупотреба на нивната политичка моќ.
„Одредените случувања кои сега опозициската ДУИ ги лиферува како повторно закани во јавноста, тоа е така затоа што во времето на претходното владеење на СДС и ДУИ колку луѓе се вработени во државната и јавната администрација и колку од нив реално воопшто одат на работа, а да не кажам колку од овие нивни членови земаат на пример пензии оттука, а работат некаде во странство итн., колку злоупотреби се направени од страна на политичката моќ и политичката волја на искористување на државните добра за кои сите ние поединечно плаќаме данок и сме даночни обврзници“, укажа Василевска.
Василевска продолжи и додаде:
„Во услови кога имате трибалистички однос кон политиката и кога сакате да создадете еден впечаток врз основа на коишто ќе се прикажувате постојано како жртва, а во суштина ќе го злоупотребувате тој систем тогаш тоа е позитивна дискриминација и ние тоа истото го најавивме и во изборната програма минатата година со укинувањето на балансерот и со воспоставување на правичен и фер пристап на сите македонски граѓани“, заклучи Василевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа