Утре многу топло време, од недела пороен дожд

 

Утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43 степени Целзиусови – соопшти УХМР.

Во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба.

Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.

25.07.2025 - 21:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега