Утре е неработен ден
Утре е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во земјава бидејќи се одбележува Меѓународен ден на Ромите.
Наскоро, веќе после следниот викенд, доаѓа продолжен четиридневен викенд за работниците и учениците.
За сите граѓани неработен ден ќе биде 21 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар, што значи дека повторно ќе имаме продолжен викенд.
За православните верници неработен ден ќе биде и 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден.
07.04.2025 - 16:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа