Уште еден голем маркет во пресрет на утрешниот бојкот спушта цени за над 30%

 

Бојкотот на продавниците кој граѓаните го најавуваат за утре, очигледно не ги остави трговците рамнодушни. Сите големи маркети денеска нудат акции со големи попусти.
Веро пред малку преку Вибер пораки до своите корисници испрати леток со производи кои ќе поевтинат и за 50%.

На ваква акција утрово се решил и маркетот Тинекс
Тинекс ги разбира потребите на македонските купувачи и ја започнува кампањата „Твој избор, твоја заштеда“, во рамки на која веќе од 31 jануари и во текот на февруари ќе понуди намалување на голем број производи, кои се неопходни за потребите на едно семејство. Станува збор за производи, кои се клучни за функционирањето на домаќинствата и веруваме дека ќе придонесат во заштеди на семејниот буџет.“ – се вели во соопштението од компаниајта.
Граѓаните организирани преку социјалните мрежи за утре најавуваат бојкот на сите продавници како знак на револт поради превисоките цени.
Македонските маркети во 2023 година инкасирале нешто под 40 милиони евра чист профит. За 2024 сумата се очекува да биде и поголема.


30.01.2025 - 13:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега