УХМР најавува нестабилно време: Денес сонце, утре дожд

 


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Како што информира УХМР, од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд, над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен јужен ветер, над 60 километри на час. 

22.03.2025 - 09:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега