Убедилво водство на Силјановска - веќе води над 13.000 гласа на 3% обработени податоци

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова е во убедлива предност на обработени 2,93% од гласовите.

Како што објави ВМРО-ДПМНЕ, таа досега има 23.644 гласови, или 44,56%. Втор на листата е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски кој на обработени 2,93% од гласовите има 9.740 гласа. 

Бујар Османи е трет, со 7.473 гласа, а по него е Арбен Таравари со 5.010 гласа.

Максим Димитриевски досега освоил 3.687 гласа, Билјана Ванковска 2.026, а Стевчо Јакимовски 366 гласа. 1.111 гласачки ливчиња се неважечки.

24.04.2024 - 19:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега