Уапсен крадец во Струмица - среде ноќ влегол во продавница, ги земал парите од каса и си заминал
Вчера во 07:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М.(46) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03:30 часот во продажен објект на бул.„Маршал Тито“ во Струмица одзел пари од касата и го напуштил местото.
Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени предмети поврзани со извршеното дело.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа