Туристи биле „изгорени“ на „Евзони“ – добиле казна од 1.200 евра

 

Крајот на одморот за група туристи од Србија се претворил во вистински кошмар при обидот да се вратат дома. На граничниот премин Евзони, при излез од Грција, граничната полиција забележала дека еден од патниците нема влезен печат во пасошот, кој требал да биде ставен при нивниот влез во Европската Унија преку Бугарија.

Поради овој административен пропуст, грчките власти го сметале лицето како нелегално присутно на територијата на ЕУ, и му изрекле парична казна од 1.200 евра.

„Ви ја испраќам оваа информација во врска со непријатна случка која ни се случи при излез од Грција на Евзони. На 21.07.2025 година, преку Бугарија отидовме во Грција. Излеговме од Србија на граничниот премин Градина, а влеговме на граничниот премина Калотина. На 2 од 6 пасоша не е ставен печат од страна на Бугарите дека сме влегле во Бугарија (ЕУ). Денес, кога ќе враќавме за Србија, на Евзони не издвои гранична полиција и ни кажа дека два пасоши немаат печат, ниту дека во систем има податок дека тие лица влегле во Бугарија (ЕУ).Се обидовме да им објасниме дека сите заедно патуваме, затоа што едниот пасош е на малолетно дете и дека вината е на бугарскиот граничар, меѓутоа немаше разбирање, За едното полнолетно лице, сметаат дека илегално влегло во Грција и напишаа казна од 1.200 евра. Ако не ја плати ќе добие забрана за влез во рок од 4 години“, се вели во сведоштвото во групата „Грција Инфо“.

30.07.2025 - 20:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега