Трамп за руските напади врз Киев: Владимир, ЗАПРИ
Претседателот на САД, Доналд Трамп на мрежата „Трут соушл“ (Truth Social) го повика рускиот претседател да запре со нападите врз Киев.
-Не сум задоволен со руските напади врз Киев. Непотребни се и се во многу лош момент. Владимир, ЗАПРИ! Неделно гинат по 5.000 војници. Да го завршиме мировниот договор!, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Русија утрово го нападна Киев со голем број дронови и ракети. Според украинските власти Русија истрелала 215 дронови и проектили, при што загинаа девет лица, од кои шест деца, а 70 се повредени.
Поради рускиот напад врз Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прекина посетата на Јужна Африка. Според него денешниот руски напад е „несомнено еден од најтешките и најтешките досега“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа