Трамп во Конгресот: Зеленски ќе потпише во секое време

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го информирал дека е подготвен за разговори со Русија за ставање крај на војната во неговата земја и понудил да потпише договор за минералните ресурси на Украина „во секое време“.

По една недела метеж што кулминираше со објавата на САД за прекин на воената помош за Украина по жестоката размена меѓу двајцата лидери, Трамп на заедничката седница на Конгресот на 4 март рече дека Зеленски му испратил писмо во кое изразува подготвеност да седне на преговарачка маса.

„Претходно денеска добив важно писмо од претседателот Зеленски од Украина. Во писмото се вели: „Украина е подготвена да дојде на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи до траен мир. Никој не сака мир повеќе од Украинците“, ја цитираше Трамп изјавата на Зеленски во писмото.

Претходно истиот ден, Зеленски рече дека „никој од нас не сака бескрајна војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена да се врати на преговарачката маса што е можно поскоро за да се доближи до долгорочен мир“.

„Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под силното водство на претседателот Трамп за да постигнеме долгорочен мир“, рече Зеленски.

05.03.2025 - 09:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега