Трамп се закани: Демонстрантите ќе се соочат со иста или дури и поголема сила отколку во Лос Анџелес
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ако протестите против имиграциската политика продолжат и во други градови, демонстрантите ќе се соочат со „иста или дури и поголема сила“ од Лос Анџелес.
Тој додаде дека Националната гарда ќе биде распоредена во Калифорнија сè додека е потребно. Трамп повтори дека ако не ја испрател Националната гарда, Лос Анџелес сега би горел до темел.
Трамп повторно ги нарече демонстрантите „платени бунтовници“ и „предизвикувачи на немири“.
– Имаме луѓе кои ве гледаат во лице и ви плукаат право во лице, тие се животни, и тие се платени бунтовници, тие се платени предизвикувачи на немири, тие се агитатори, тие се платени, наведе Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа