Трамп: Ќе има мировен договор – Зеленски в понеделник во Вашингтон

 

Средбата Трамп - Путин во Аљаска поминала многу добро, оцени американскиот претседател.

-Одличен и многу успешен ден во Аљаска, рече Трамп по Самитот САД - Русија во воената база Елминдорф-Ричардсон во Анкориџ каде се сретна со својот колега Владимир Путин. 

На социјалната мрежа Истина кажа и дека телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но и со неколку европски лидери и ген-секот на НАТО, Марк Руте.

-Беше одлучено дека најдобриот начин да се стави крај на ужасната војна меѓу Русија и Украина е директно да се премине кон мировен договор што би ја завршил војната, а не само договор за прекин на огнот, кој често не успева, рече Трамп.

Тој додаде дека Зеленски ќе пристигне во Вашингтон во понеделник попладне.

-Ако сè оди добро, ќе закажеме состанок со претседателот Путин. Потенцијално милиони животи ќе бидат спасени, заклучи Трамп.

Разговорите Трамп - Путин беа во потесен формат „три на три“ и траеја два часа и 45 минути. Трамп беше придружуван од државниот секретар и специјалниот претставник Стивен Виткоф. Путин, пак, на состанокот ги донесе шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и претседателскиот помошник Јуриј Ушаков.

16.08.2025 - 11:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега