Трамп: Ги разгледуваме барањата на Русија за укинување на санкциите

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека неговата администрација ги разгледува руските барања за укинување на санкциите.

„Во моментов ги разгледуваме сите. Ќе видиме што ќе се случи, водиме сериозни разговори со Русија и Украина. Би рекол дека оди добро“, рече Трамп.

Москва тврди дека договорот за прекин на огнот во Црното Море зависи од укинувањето на западните санкции за компаниите, но Володимир Зеленски ги отфрла овие тврдења како лажни.

Украинскиот претседател тврди дека прекинот на огнот стапил во сила веднаш по неговото објавување претходно денеска.

 

25.03.2025 - 21:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега