Трагедија во Италија: Татко скокнал во вода за да ги спаси децата, па исчезнал

 


Германски турист исчезнал во езерото Комо во Италија откако успеал да ги спаси своите две мали деца кои паднале во водата.

Несреќата се случила во понеделник попладне на левата страна од езерото Комо, спроти градот Дорио, објавува „Раи Уно“.

Мажот бил на одмор со сопругата и тргнал на патување со брод од градот Донго во покраината Комо. Во еден момент, децата завршиле во водата, а таткото скокнал за да ги спаси.

Иако успеал да ги извлече од опасност, тој никогаш не се појавил на површината, а се верува дека го влечеле силните струи на езерото.

Алармот го кренале туристите кои од плажата забележале дека човекот не се вратил на површината.

Во потрагата се вклучени противпожарен хеликоптер, водна амбуланта, поморска спасувачка екипа од Белан, како и противпожарни единици и крајбрежната стража.

На местото на настанот пристигнале и нуркачи од специјалната единица Венето.

Подводен робот со далечинско управување, кој пристигнува од Сардинија, треба да се користи утре за детално пребарување на дното на езерото.

26.08.2025 - 18:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега