Трагедија на Банско: Почина македонски турист

 


Во месноста Шилигарника над Банско, Република Бугарија, почина 51-годишен маж од Македонија. Според првичните информации, најверојатна причина за смртта е срцев удар.

Локалната полиција соопшти дека при прегледот на телото не биле пронајдени видливи траги на насилство.

Трагедијата се случила додека мажот бил на одмор со семејството во познатиот зимски центар. Истражните органи ги утврдуваат сите околности поврзани со случајот.

10.12.2024 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега