Тошковски: Арсовска одбива да соработува

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна контрола, кои неколку дена се во објектот на Град Скопје и не успеваат да обезбедат писмена пријава и изјава поврзна со последните дејства во петокот и нејзиното обвинување дека полициските службеници не постапувале.

„Факт е дека полициските службеници од Одделот за внатрешна контрола веќе неколку дена не добиваат изјава од Арсовска“, рече Тошковски појаснувајќи дека МВР без тоа не може да ги преземе дејствата што се во негова надлежност.

Рече и дека, за среќа, Арсовска соработува со одделот што прераспределува и се грижи за сигурноста и имотот на државата и на одредени ВИП-личности. Истовремено, вели Тошковски, добра околност е и тоа што Арсовска има 24-часовно обезбедување, кое се грижи за нејзината безбедност, и добро е што го прифатила иако не го побарала. По препорака од Агенцијата за национална безбедност, МВР ѝ доделило обезбедување за заштита на нејзината безбедност.

16.07.2025 - 13:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега