Томовски: Креаторите кои нудат црнила и лаги се против Македонија
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Ивица Томовски на својот фејсбук профил реагитра на објавените фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери во врска со трагичниот настан во Кочани.
- Еден пријател ме праша колку ќе загуби СДС, реков многу. Причините за тоа е фотографијата подолу. Затоа што додека Мицкоски прави проекти, Венко нуди пожари, додека Владата се бори за развој и правда, креаторите на сликата подолу нудат црнила и лаги. И тоа е еден ист центар. Тој центар е против Македонија и се она за што се бориме. Затоа ова е за осуда. А пресудата на народот доаѓа многу бргу, наведува Томовски во објавата на ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа