Ако видите функционер со службена кола на партиски митинг свртете 070 399 050

 

Од денеска граѓаните можат да пријавуваат незаконита, партиска или приватна употреба на службените возила на телефонскиот број 070 399 050 или преку е-пошта на prijavizloupotreba@sozr.gov.mk. Сите пријави ќе бидат проследени до надлежните органи за понатамошно постапување.

Денеска директорот Ивица Томовски ја посети Општина Гази Баба, првата скопска општина која веќе комплетно ги замени таблиците на службените возила. Процедурата е речиси завршена и во другите општини и во повеќето државни институции.

16.09.2025 - 17:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега