Точете по полноќ: Поевтинуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која ги намали малопродажните цени на нафтените производи во просек за 1,32% во споредба со одлуката од 21.07.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕВ) се намалуваат за 1,00 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/литар. Малопродажната цена на Мазут М-1 СУ се намалува за 0,746 ден/кг и сега ќе изнесува 39,412 ден/кг.
Од 29.07.2025 во 00:01 часот максималните цени на нафтените производи ќе бидат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (ден/лит)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (ден/лит)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (ден/лит)
Екстра лесно масло за горење 1 (EL-1) 70,50 (денари/литар)
Mazut М-1 SU 39.412 (денари/килограм)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа