Тик - Ток прати 11 деца во скопската болница
Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете, потврди за МИА в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.
Како што посочи, децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје. -Единаесет деца се примени во болницата заклучно со вчерашниот ден до 13 часот.
Можно е и да има повеќе деца, но ова е она што ние го имаме како податок за механизам на повреда, вели Настов за МИА. На новинарско прашање за каков предизвик станува збор, тој објасни дека станува збор за испружање на рацете во вид на „супермен“ и потоа паѓање на децата.
- Се испружаат рацете како ликот „супермен“. Групата го фаќа и го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Тоа е од она што мене ми објаснувале. Не сум видел и не можам да кажам точно. Има и машки и женски, деца, додаде Настов. Тој апелира да не се прават во иднина ваквите работи, затоа што може да завршат со посериозни последици.
-За среќа, од овие 11 деца, двајца се само со скршеници на рацете, другите се со набиеници. Но, ако ова продолжи, може да има пострашни повреди. Доколку детето падне на глава, ќе има потешки повреди, додаде Настов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа