Тигрите го вадат возилото од Вардар: МВР со детали

 

Од МВР за Прес24 потврдуваат дека возило излетало од патот за с.Рашче излетало од коловозот и паднало во Вардар. Тигрите моментално се на терен и го вадат автомобилот од Вардар.

„На 02.01.2025 во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар“, соопштија од МВР за Прес 24.

„Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот. На лице место е и јавен обвинител“, додаваат од МВР.

Оттаму прибираат официјални информации за патниците во возилото.

Неофицијално, .станува збор за брачен пар, кои патувале со едниот син и снаата од другиот син. Алсат дознава дека петтиот патник е петгодишно дете кое излетало пред возилото да слета во реката. Детето го пронашле случајни минувачи и со нивна интервенција било донесено во болницата 8 септември во Скопје. Се уште нема информации за здравствената состојба на детето. На местото на несреќата веќе се пристигнати полиција и нуркачи, кои учествуваат во потрагата по останатите 4 лица.

02.01.2025 - 19:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега