Тешко повредени двајца малолетници - управувајќи мопед се судриле со автомобил

 


Денеска во 00:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.(25) од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

14.09.2025 - 10:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега