Тешка сообраќајка на автопатот Неготино-Демир Капија: Тројца српски државјани повредени
Вчера во 09.30 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П.(56) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.П.(61), а со телесни повреди се здобила Т.П. и 17-годишен сопатник, сите од Р.Србија, констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
27.06.2025 - 12:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа