Тепачка на скопскиот аеродром: Приведени осум лица

 


Вчера во 18.19 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.А.(36), Д.Ј.Е.(27), Д.С.(36), Д.Х.А(44), Д.Б.(37), Д.Х.(40), Д.А.(66) и Д.М.(62), сите од Република Турција, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

25.07.2025 - 14:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега