Тензии во Газа: Израел се заканува со анексија
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека ќе анектира области на Појасот Газа кон Израел доколку Хамас одбие да ги ослободи заложниците што сè уште ги држи.
Како што пренесе Тајмс оф Израел, Кац и дал инструкции на ИДФ да заземе дополнителни области на Појасот Газа додека издава наредби за евакуација на палестинските цивили во тие области.
– Ако терористичката организација Хамас продолжи да одбива да ги ослободи заложниците, јас и наложив на ИДФ да заземе дополнителни области, да го евакуира населението и да ја прошири безбедносната зона околу Газа за заштита на израелските заедници и војниците на ИДФ, преку трајно задржување на областа од страна на Израел. Додека Хамас продолжува да одбива, ќе губи се повеќе и повеќе земја која ќе му биде додадена на Израел, се вели во изјавата на Кац.
Тој информира дека Израел ќе ја „интензивира“ својата воена кампања против Хамас, вклучително и „преку проширување на копнениот маневар додека заложниците не бидат ослободени и Хамас не биде поразен“.
Кац додава дека Израел ќе го употреби „сиот воен и цивилен притисок, вклучително и евакуација на населението во Газа на југ и спроведување на планот за доброволна миграција на американскиот претседател Трамп за жителите на Газа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа