Таравари поднесува оставка - Мицкоски не сака ни „збогум кафе“
Министерот за здравство Арбен Травари за ТВ 24 изјави дека денеска ќе ја поднесе оставката во Владата, по одлуката тој како лидер на Алијансата на Албанците, да ја напуштат владеачката коалиција и да заминат во опозиција.
Со повлекувањето очекувано е позициите од владата и директорите на јавните претпријатија да ги напуштат позициите. Таравари вели дека денеска ќе ја ковертира оставката а во вторник на седница во собранието треба да се потврдат оставките на функционерите и директорите од партијата на Таравари.
Единствено останува нејасно дали вицепремиерот за добро владеење Фетаи од партијата на Таравари ќе го следи лидерот. Тој во медиумите одбива да се изјасни одговарајќи „ќе видиме има време", на прашањето дали и тој ќе го почитува партискиот став да ја напушти владата и да одат во опозиија.
Засега Таравари не потврдува коалицирање со ДУИ и Европскиот фронт за престојните локални избори но големи се шансите дека тоа ќе се случи.
Премиерот Мицковски го откажува дури и кафето за збогум што сам го најави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа