Така се прави тоа во Сопиште: Проодни сите улици - багери вртат цел ден

 

Снежната покривка во Сопиште достигна висина од над 25 сантиметри, додека на планинските села таа надмина 50 сантиметри. За да се обезбеди проодност на патиштата, сите главни правци до населените места се исчистени и проодни, вклучувајќи ги и локалните улици и краци.

На терен работат три специјални возила за чистење снег, како и три багери, кои редовно ги одржуваат патиштата во добра состојба и обезбедуваат безбедно движење на возилата.

Чистењето се одвиваше од утринава од 02:00 часот , а исчистените патишта продолжуваат да се одржуваат на интервали од 2-3 часа, се додека врне снег.

12.01.2025 - 19:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега