Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот

 

Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).

На овогодинешниот собир ќе присуствуваат околу 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.

Лидерските говори ќе почнат утре, по денеска е официјалното отворање на конференцијата.

Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени, под мотото „Соработка за интелигентно доба“.

Но, набљудувачите веруваат дека овогодинешниот состанок повеќе од се’ ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.

Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.

Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на неговиот мандат. Во четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видео врска.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.

20.01.2025 - 13:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега