Судир на автомобил и трактор кај Битола: Возачот на „Голф“ тешко повреден, трактористот избегал
Вчера во 21.06 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп, кај мостот на река „Шемница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од 56 годишник од с.Горно оризари, битолско и трактор со приколка, по што возачот на тракторот го напуштил местото на несреќата.
Во несреќата возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
21.05.2025 - 13:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа