Среде ноќ изгореа три автомобили во Скопје

 


Ноќеска во 02.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бојмија“ во Скопје настанал пожар на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.С.(40) од Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П.(36) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со хрватски национални ознаки, сопственост на В.К.(44) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

17.07.2025 - 15:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега