Средба Тошковски - Колумбиа: МВР и ОН ја зајакнуваат соработката во повеќе области

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на ООН во Македонија, Рита Колумбиа.

На средбата беше разгледана досегашната соработка на министерството за внатрешни работи и агенциите на Обединетите нации во земјава, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително продуктивно ниво.
Министерот Тошковски ги спомена двата проекти кои беа реализирани со помош на УНДП и се однесуваат на зголемување на капацитетите на полицијата за истрага на местото на настанот и за граничната и криминалистичката полиција и изрази задоволство од иднините проекти и чекори на соработка.

Од страна на постојаниот координатор на ОНН во земјава, Рита Колумбиа беше нотирана високата посветеност на МВР во почитувањето и заштитата на човековите права во повеќе области во делокругот на министерството и конкретните резултати кои го потврдуваат тоа.

Двете страни ги разгледаа следните фази  во актуелните проекти за поддршка на министерството во делот на зајакнување на системот за форензика и истрага на местото на настанот, поддршка против злоупотребата и користењето на малото и лесно оружје, зајакнување на интегрираното гранично управување и други тековни проекти.

Финално беше изразена посветеност за понатамошно интензивирање на соработката на поголем број полиња во иднина. 

03.02.2025 - 15:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега