Срцепарателно видео: 2-годишно дете пие вода од капаче, додека чека да биде спасено по 44 часа поминати под урнатините
По разорниот земјотрес што се случи на границата на Турција и Сирија, во кој според последните проценки загинаа повеќе од 8.400 луѓе, од овие две земји доаѓаат болни и шокантни сцени од спасување на преживеани.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10-те региони најпогодени од земјотресите.
Како што објавивме претходно, мрежите беа преплавени со болни сцени на луѓе погодени од катастрофата, вклучително и Сириец кој загуби 12 членови од своето семејство и чии солзи ги допреа сите.
На мрежите се шират многу сцени на успешни спасувања, па објавено е и видео од малото момче (2) по име Мухамет, кое поминало 44 часа под урнатините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа