„Спиев со Ванда“ – Фудбалер ја разоткри фаталната Аргентинка

 

Ванда Нара и Кеита Балде биле во романтична врска, открија аргентинските медиуми пред неколку месеци, а сега тоа го потврди и фудбалерот на Монца.

Кеита Балде призна дека спиел со Ванда додека Икарди играл во Интер. Ванда била со Балде во времето кога беше одвоена од сегашниот играч на Галатасарај.

Љубовната сага меѓу Икарди и Ванда наскоро би можела да дојде до својот заклучок на суд, бидејќи двете страни сакаат старателство над нивните две ќерки, а не се штедат средства за да ја постигнат својата цел.

Мауро дури ја обвини Ванда дека целосно ги запоставила нивните две ќерки и се препушта на промискуитетен живот. Исто така, тој ги изнесе валканите алишта на суд, дека Ванда спиела со Кеита, па сега ова признание за неговите дела е во негова корист.

Кеита Балде во интервјут призна дека имал врска со фаталната Аргентинка и и испрати порака на сопругата Симона Гуатиери.

– Предавство. Тоа е збор што навистина боде. Ја направив најголемата грешка во мојот живот, ја изневерив љубовта на мојот живот. Таа ја заслужува сета љубов и почит на овој свет. Сакам да преземам одговорност и да го нарушам молкот, бидејќи тоа создава проблем и влијае на моето семејство, рече Балде.

Зборуваше за Икарди и Ванда Нара, а уште еднаш призна дека згрешил и дека ќе се бори за семејството.

– Нивната јавна игра не е дел од мојот живот. Свесен сум за грешката што ја направив. Не ги обвинувам целосно, но знаат и дека сето тоа има влијание врз децата. Начинот на кој ги влечат низ целото шоу, немаат срце. Се чувствувам ужасно по грешката што ја направив, но ќе се борам како лав за семејството и ќе преземам правни мерки. Симона е единствената жена што некогаш ќе ја сакам. Тука сум да се борам за неа, изјави Кеита, која со Симона има две деца.

Симона вели дека одлучиле да поднесат тужба против Икарди и Нара.

-Не можат нашите приватни животи да ги ставаат во јавна сфера и така да ги користат. Ние имаме поинаков морал од нив. Мојот сопруг падна во нивната стапица, но тоа го задржа за себе. Ако сака да покаже што му праќаат, тоа никогаш нема да заврши. Икарди треба да се фокусира на фудбалот, бидејќи ова е кратка кариера, не треба да се занимава со озборувања, додала Симона.

Симона му простила на Балде за изневерувањето.

09.02.2025 - 15:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега